Актерката Мелани Лински (47), на многумина најпозната по улогата на Роуз во ТВ серијата Два и пол мажи, присуствуваше на Оскарите. На црвениот тепих прошета во придружба на нејзиниот сопруг Џејсон Ритер.
Нејзиниот долг црвен фустан, кој ги откриваше нејзините раменици, воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.
„Убава е“, „Навистина блеска и има прекрасна насмевка“, беа само дел од коментарите.
Нејзиниот сопруг на свечената церемонија се појави во класичен костум со машна.
Сепак, имаше и такви кои го исмејуваа нејзиниот изглед.
„Може ли Џејсон да се справи со неа? Истиот коментар беше повторен неколку пати на „Икс“, а нејзиниот сопруг реши да стави крај.
„Можам да се справам“, одговори Џејсон на „Икс“, а потоа објави хумористично видео во кое ги покажува своите боречки вештини.
View this post on Instagram
„Ве предупредив, сега гледајте“, напиша тој во описот, воодушевувајќи многу нивни обожаватели.
„Вака ја браниш жената што ја сакаш“, „Ја сакам нивната луда енергија“, беа само дел од коментарите.
Мелани Лински често се мачи со коментари за нејзиниот изглед бидејќи, како што многумина велат, „не одговара на холивудските стандарди за убавина“, а во една прилика открила дека тоа е многу исцрпувачко, иако се навикнала низ годините.
Лински изјави за Њујорк Тајмс дека нејзината рана кариера се состои од сценарија за „дебелата пријателка“ или „смешната дебела жена“. За среќа, подоцна и биле понудени подобри ликови и водечки улоги во кои личноста не била врзана за физичкиот изглед. Сепак, нејзиното тело и понатаму привлекува внимание.
View this post on Instagram
На „Икс“ пред две години, таа напиша дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Лински се омажи за Ритер, синот на починатиот актер Џон Ритер, а од 2020 година имаат и ќерка. На актерката претходно и беше дијагностицирана мизофонија, ретко ментално пореметување поради кое луѓето полудуваат дури и по обичните звуци, како што е свирежот.