Поранешната сопруга на Илон Маск, Талула Рајли се сврши со својот долгогодишен партнер, актерот Томас Броди-Сангстер, познат по улогата како момчето Сем од филмот Love Actually.
Како што пишува „Дејли Мејл“, Рајли веста за свршувачката ја објави на „Твитер“, компанија во сопственост на Маск.
„Многу сме среќни и сакаме споделиме со вас дека по две години врска, јас и Томас се веривме“, рече Рајли која двапати се омажи за милијардерот Маск. Првпат го направија тоа во 2010 година, а се разведоа во 2012 година, а повторно се венчаа во 2013 година и се разведоа во 2016 година.
Со Томас се запозна на снимањето на филмот за „Секс пистолс“ во кој и двајцата глумат, а врската ја започнале пред две години, но на почетокот се криеле од јавноста.