Се сврши Кајли Миног

Австралиската пејачката Кајли Миног се сврши со своето момче, 46-годишниот Пол Соломон, директорот на британскиот магазин GQ, пишува New Idea.

Веста прва ја потврди глумицата и пејачка Били Пипер во интервју за британското издание на магазинот Elle кога изјавила дека тој ѝ е свршеник. Потоа истото тоа го потврдила и мајката на Пол, Глорија, за MailOnline.

„Пресреќна сум што Пол и Кајли се свришле. Толку сум возбудена. Жал ми е што не можам да ви откријам повеќе детали затоа што ми рекоа дека не смеам. Премногу ги почитувам мојот син и Кајли за да им направам такво нешто“, изјавила Глорија.

За потсетување, двојката се заљуби во 2018 година кога се запознаа преку заеднички пријател. На почетокот не ја откриваа врската, а официјално станаа двојка кога Кајли ја објави на „Инстаграм“ нивната прва заедничка фотографија од Њујорк.

„Супер ни е во врската. Феноменално. Баш кога помислив дали може повторно да се заљубам, се појави Пол и ме изненади“, изјави тогаш Кајли Миног.

 

 

Scroll to Top