И по неколку месеци, причината за смртта на актерот Џулијан Сендс остана мистерија. Сендс починал на планина, а неговите останки беа најдени на местото каде последен пат бил виден.
Од Канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино појаснија дека ваквиот расплет на настаните е вообичаен, ако се земе предвид состојбата во која телото, поточно посмртните останки биле најдени на планината.
За потсетување Сендс, бил вљубеник во планирањето, а исчезна на 13 јануари годинава додека се искачуваше на врвот 3.048 метри, источно од Лос Анџелес.
Роден во Британија, беше најпознат по улогата во филмот „Соба со поглед“ од 1985 година. Зад себе ја остави сопругата и познатата новинарка Евгенија Читковиќ и трите деца.