Американската актерка, модел и поранешна зајачица на Плејбој, Карен Мекдугал (52) тврди дека во 2006 година имала десетмесечна афера со поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76). Таа сега излезе со исповед за „Дејли мејл“.
Трамп поради неговите интимни врски неодамна беше прозван и од порно актерката и поранешна стриптизета Сторми Даниелс (44).
Тие двете се одговорни за дури 34 кривични пријави против Трамп, со што поранешниот претседател е првиот во историјата на САД кој се соочил со кривични пријави. Тој ги негира сите.
-Може да биде дрзок и вулгарен, но кога има свои љубезни моменти, прекрасно е да се видат бидејќи тоа значи дека тој сè уште е човек. Тој треба да биде повеќе сочувствителен кон луѓето воопшто – изјави поранешната плејбој зајачица за „Дејли мејл“ опишувајќи го Трамп.
Таа потоа раскажа каков бил Трамп во емотивната врска што ја имале.
– Бев вљубена во него. Беше вљубен во мене. Го знам тоа затоа што ми го кажуваше тоа цело време. Ќе ми кажеше „Ти си моето бебе и јас те сакам“. Ме запозна со своите пријатели, – Мекдугал ги сподели деталите со британскиот таблоид.
– Неговите јавно ја негираа нашата врска, но тој никогаш не го стори тоа. Знае дека ја кажувам вистината, – вели Мекдугал. За разлика од неа, Сторми Даниелс сексот со поранешниот претседател го нарече „најлошите 90 секунди во мојот живот“.
За потсетување, Мекдугал и Трамп се сретнале во вилата на Плејбој во јуни 2006 година на забава покрај базен организирана од Хју Хефнер за учесниците во реалното шоу на Трамп „The Celebrity Apprentice“.
– Ме следеше како кученце и се обидуваше да ми го привлече вниманието, – вели Мекдугал која го шармирала 45-от претседател на САД.
Во тој момент Трамп повеќе од една година беше во брак со својата сегашна сопруга Меланија Трамп (53) со која го доби синот Берон, кој имал само неколку месеци кога започнала аферата со Мекдугал.
Трамп го замолил својот чувар да го добие бројот на зајачицата која го шармирала, а неколку дена подоцна по заедничката вечера во неговиот бунгалов во хотелот Беверли Хилс, ја поминале првата заедничка интимна ноќ откако собна послуга за вечера им донела стек и пире од компири во собата.
– Не сум таков тип на девојка, – му одговорила Мекдугал на Трамп откако тој ѝ понудил пари за една заедничка ноќ. – Знаеше дека згреши бидејќи виде колку сум вознемирена. Ми рече дека сум посебна.
Манекенката и актерка плачела додека се возела до дома и мислела дека никогаш повеќе нема да го види Трамп, но кога добила нова покана за вечера, таа се согласила, иако вели дека не знае зошто.
– Знаев дека е оженет, но не ми падна на памет во тоа време. Тогаш бев поинаква девојка, се забавував и не размислував премногу за работите – призна таа и додаде дека се срами од десетмесечната афера.
Медиумите често ја прикажуваат како горчливата страна во оваа врска, но таа изјавила дека го напуштила Трамп поради романсата со ѕвездата од филмот „Умри машки“ Брус Вилис.
Пред изборите во 2016 година, на Мекдугал ѝ биле исплатени 150.000 долари за да ја задржи аферата во тајност.
-Тоа ми одговараше бидејќи не сакав приказната да стане јавна, – изјави поранешната зајачиц