„Секоја коска се гледа“, Никол Кидман живее во страв од помлади жени – нејзините фотографии загрижуваат

Никол Кидман неодамна присуствуваше на премиерата на серијата „Expats“ во Австралија, а новите фотографии од актерката ја загрижија пошироката јавност.

Познатата оскаровка за премиерата на филмот избра елегантен корсет фустан во боја на шампањ кој и ги крева градите. Целото издание го комплетираше со златни додатоци – едвај забележливи обетки и нараквица.

Интересен е фактот што Кидман пред 27 години го „отвори“ киното во Сиднеј со филмот „To Die For“, а сега се врати да ја претстави новата серија „Expats“.

Помина многу време од нејзиното прво појавување, а пошироката јавност беше воодушевена од нејзината драстична промена на изгледот.

Иако еднаш за „Marie Claire“ изјави дека целосно се посветила на здравиот начин на живот, публиката сепак го забележува нејзиното нагло слабеење.

Неодамна „Радар онлајн“ изјави дека „загрижен пријател на актерката“ рекол дека е исклучително слаба и дека „можете да и ги изброите коските“.

„Секоја коска е видлива, а рацете и нозете и се толку тенки што изгледа како слаб ветер да ќе ги скрши како гранче. Таа изгубила толку многу тежина што изгледа како да треба да биде хоспитализирана“, рече тој, додавајќи: „Таа е исплашена дека нејзиното време истекува. Таа е убедена дека колку послаба, толку подобро ќе изгледа“.

Scroll to Top