Пејачката и актерка Селена Гомез речиси една година е во врска со пејачот Викенд. Но, вчера на интернет се појавија фотографии на кои таа бакнува друг маж.
Сепак, фотографиите се дел од промо материјалот од снимањето на нејзиниот најнов филм, а мажот кој го бакнува е актерот и нејзин партнер во филмот, Тимоти Чаламет. Филмот ќе се појави во киносалите на почетокот на следната година.