Пејачката Селена Гомез на Тик ток им одговори на сите кои ја критикуваа дека се здебелила. Рече дека не е модел и дека нема никогаш да биде. Пејачката рече дека лекот против лупус направил промени во нејзинот тело, како и во тежината.
„Кога го змеам, обично телото ми задржува голема количина вода, што е нормално. Кога ќе престанам со тоа, тогаш килограмите сами одат надоле“, рече Гомез и додаде дека никој не треба да се срами од изгледот.
Selena Gomez goes live on TikTok to address comments about her body. She talks about her health, medication for lupus and how they affect her body. pic.twitter.com/JL3hIArShB
— Selena Gomez News 🎬 (@OfficialSGnews) February 16, 2023
„Само сакам да знаете дека сте убави такви какви што сте. Сигурно има денови кога не се чувствувате најдобро, но важно е да се остане здрав и да се грижи човек за себе“, рече Гомез и додаде дека лекот против нејзината болест ѝ е важен и верува дека и помага.
Таа испрати и посебна порака на фановите, но и оние кои не ја сакаат премногу.
„Ве сакам и фала ви на поддршката и разбирањето. Ако не ме разбирате, тогаш само отследете ме. Искрено не верувам во посрамување на луѓето заради нивното тело“, рече Гомез, која во 2014 година и беше дијагностицирана хронична автономна болест која често доведува до поеткувања, замор и болку во зглобовите. Приказната за борбата со лупус ја откри во документарецот My Mind & Me.