Селин Дион ја одложи европската турнеја

Канадска пејачка Селин Дион ја одложи европската турнеја што требаше да се одржи од 16 март до 16 јуни оваа година поради пандемијата на коронавирусот.

Според најавите, „Светската турнеја на храброста“ во Европа ќе почне со концерт на 25 мај 2022 година во Бирмингем, Англија, а ќе заврши на 24 септември. Ова е второ одложување на турнејата што првично беше планирана за 2020 година.

„Навистина се надевав дека ќе се видиме во Европа оваа пролет, но, за жал, мора да почекаме уште малку, ситуацијата сè уште не е доволно безбедна“, рече пејачката во своја видеопорака на француски и на англиски јазик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Scroll to Top