Селин Дион на социјалните мрежи објави дека ги откажува настапите во Лас Вегас закажани за март и април бидејќи мора да изврши хируршка интервенција на увото.
Според објавата, Дион има сериозен проблем со Евстахиевата туба (цевче што го спојува ждрелото со средното уво), што предизвикува неправилности во слухот и исклучително ѝ го отежнува пеењето.
Дијагнозата на Селин Дион ѝ била поставена пред една година и пиела разни лекови за подобрување на состојбата, но лековите повеќе не биле ефикасни и сега мора да оди на операција.
Се наведува дека пејачката ќе биде подложена на минимално инвазивна хируршка процедура.