Селин Дион објави ретка фотографија со синовите Рене-Чарлс (23) и 14-годишните близнаци Нелсон и Еди.
Во натписот на фотографијата на Инстаграм таа се присети на својот сопруг и татко на нејзините деца Рене Ангелил, кој почина од рак на грлото пред девет години, два дена пред неговиот 74-ти роденден.
„Рене, не можеме да веруваме дека те нема веќе девет години. Не поминува ден да не го почувствуваме твоето присуство. Ти беше мојата најголема поддршка, мојот партнер и оној кој секогаш го гледаше најдоброто во мене. Те почитувам и ќе ми недостигаш засекогаш, љубов…Те сакаме“, напишала 56-годишната пејачка.