Семејството Кардашјан ќе се збогати со нови членови

Крис Џенер со една објава на својот инстаграм-профил откри колку од ќерките ѝ се во блажена состојба и колку внуци таа очекува.

На сликата што ја објави има девет сета пижами, а таа напиша: „За секој од моите внуци“. Бидејќи Крис Џенер во овој момент има шест внуки, Кортни има три деца, Ким две, а синот Роб само едно, јасно е дека мама Кардашјан очекува уште три принови.

Во изминатите неколку недели имаше информации дека нејзините ќерки се трудни, но немаше официјална потврда од страна на семејството.

Како што е познато, нејзината ќерка Ким и Канје Вест чекаат дете, кое на свет ќе го донесе сурогат-мајка.

Но, се зборува и за тоа дека најмладата ќерка на семејството Кардашјан, Кајли Џенер, е бремена и дека со момчето Травис Скот, со кој е во врска од април, исто така чека бебе.

Тоа не е сѐ. Американските таблоиди објавија дека и Клои Кардашјан е во блажена состојба, а Џенер сега фактички и го потврди тоа.

 

Scroll to Top