Семејството на Џорџ Мајкл со емотивна порака ја одбележа годишнината од неговата смрт

By

Семејството на покојниот Џорџ Мајкл на неговиот сајт објави трогателно писмо, со кое ја обележа првата годишнина од неговата смрт.

Џорџ Мајкл почина на 25 декември 2016 година, на 54 годишна возраст во својот дом, а неговиот татко Џек и сестрите Јода и Мелани со сликата на Мајкл од неговото детство, напишаа и порака:

„Џорџ кој го сакаше Божиќ и секогаш се надеваше дека ќе падне снег, би сакал сите вие кои го сакавте и му се воодушевувате, да застанете за момент, ги подигнете чашите, уживате во неговата музика и да се присетите на него со радост и да поминете што повеќе време со семејството и пријателите, и да ги цените.

 

„Тој ја делеше својата музика со сите нас, и многу од вас кој длабоко сте поврзани со неговите текстови, сепак, од друга страна, во своите животи чувајте ги тие важни сеќавања и зборови длабоко во себе, затоа што тоа често се најтешките работи кои можат да се изговорат на глас“, пишува во пораката.

„Па, ако можете во негова чест, оваа година, вдишете длабоко и речете на глас: „Те сакам“. Ние сите мислиме дека имаме време за тоа, зар не? Но, можеби, времето ви истекува…

Ќе ви се допадне