Семејството на Халина Хачинс се одлучи да го тужи Алек Болдвин за убиство од небрежност. Во тужбата тие објавија и анимирано видео под името „Убиената Халина Хачинс на сетот на филмот ‘Рѓа’“, на кое се гледа како Болдвин ја застрела снимателката.
„Има голем број луѓе кои се виновни, но господин Болдвин е тој кој го држел оружјето. Ако не пукал тој, тогаш таа немаше да умре“, рече адвокатот на семејството на Хачинс, Брајан Паниш на конференција за новинари во Лос Анџелес.
Во анимираниот филм прикажан е Болдвин за време на сцената како пука кон режисерката, а истовремено го ранува и режисерот Џозел Соуза.
„Болдвин носи значаен дел од одговорноста, но постојат и други. Тоа е она за кое ќе се занимаваме во овој случај, оценување на праведната поделба на сите кои се одговорни за оваа бесмислена трагедија“, рече адвокатот за тужбата, која ја поднел во Ново Мексико.
За потсетување, трагедијата се случи на 21 октомври, откако Болдвин со пиштол реквизит ја уби Хачинс и го рани режисерот Соуза.