Глумецот Семјуел Л. Џексон доби почесен Оскар за животно дело на церемонијата што се одржа во Лос Анџелес еден ден пред доделувањето на Оскарите. Поради ковид пандемијата, почесните Оскари оваа година беа доделени на посебна церемонија, а освен Џексон, награди добија и Дени Гловер, Лив Улман и Елејн Меј.
Наградата на Џексон му ја додели Дензел Вашингтон, кој нагласи дека Семјуел се појавил во преку 150 филмови кои заработиле преку 27 милијарди долари на киноблагајните и дека е активен повеќе од 50 години.
Џексон се заблагодари на своето семејство, деловните соработници и на сите луѓе кои некогаш купиле карта за било кој од неговите филмови.
„Пробував да ја забавувам публиката на начин на кој Холивуд ме забавуваше мене. Да ги натерам да заборават на своите животни проблеми барем на неколку часа, да се воодушеват, да се радуваат или едноставно да уживаат“, рече тој.
Доделување на 94. Оскари ќе се одржи на 27 март, а според бројот на номинации, со 12, води „Moќта на кучето“ на новозеландската режисерка Џејн Кемпион.