Семјуел Л. Џексон и Ума Труман повторно заедно на филм

Холивудските ѕвезди Семјуел Л. Џексон и Ума Труман повторно ќе глумат заедно на филм. Двајцата ќе глумат во новиот трилер The Kill Room. Џексон ќе глуми шеф на убијци, додека Труман ќе ја игра улогата на трговец со уметнички дела.

Темната комедија прикажува серија инциденти кои ги испреплетуваат животите на двајца убијци од Лос Анџелес, сопруга на гангстер, боксер и двајца ситни криминалци.

Режисерката Никол Паоне, чие деби беше комедијата Funny or Die со Вил Ферел и Адам Мекеј во главните улоги, рече дека The Kill Room со Ума Турман и Семјуел Л. Џексон е нешто што можело да ѝ се случи само во најлудите соништа.

„Вечно сум им благодарна на двајцата што се согласија и сум воодушевена што можам да го создадам ова“, рече Паоне. Снимањето на The Kill Room започнува напролет во Њу Џерси и Њујорк Сити.

Веста за новиот филм се појави откако Џексон и Труман се појавија на доделувањето на 94 Оскари, со Џон Траволта, со кого заедно глумеа во „Евтини приказни“. Филмот од 1994 година беше во режија на Квентин Тарантино, а Труман и Џексон беа номинирани за Оскар.

 

Scroll to Top