Серхио Рамос и Пилар Рубио го добија четвртото дете . 42-годишната водителка се породи вчера и роди машко дете, кое го доби името Максимо Адријано. Бебето е тешко 3,270 кг.
„Премногу сум среќен што можам да ви го претставам Максимо Адријано. Тој се роди во 18:56 попладне и тежи 3,270 кг. Мајката и бебето се совршено добро. Секогаш се гордеам со тебе, љубов моја. Те сакам лудо“ – напиша Серхио.
„Ти благодарам што си секогаш тука за мене Серхио. Те сакам“ – напиша Пилар.
Тие се родители на уште три сина, Серхио Џуниор, Марко и Алехандро.