Серии што треба да ги гледате оваа година

Последните години ТВ-сериите се многу попопуларни од филмовите, па затоа магазинот „Ел“ направи листа на најквалитетните и најпопуларни серии што се прикажуваат во моментот и кои треба да ги гледате.

„Портокаловата е нова црна“ – досега се снимени пет сезони, а дејството го опишува животот во женскиот затвор „Личфилд“.

„Фарго“ – излезени се три сезони и секоја обработува различна приказна. Во третата сезона настапува и Еван Мекгрегор, кој глуми два лика.

„Големи мали лаги“ – оваа драма е работена според роман, а во главните улоги се појавуваат Никол Кидман, Рис Витерспун и Шајлин Вуд.

„Линија на должност“ – британска полициска драма во која Тенди Њутон глуми детективка во потера по сериски убиец.

„Младиот папа“ – мини серија во која насловната улога ја има Џад Лоу. Оваа серија ги урива стереотипите за свештеничкиот живот.

„Игра на тронови“ – најпопуларната серија што во моментот се емитува на телевизија. Базирана е на романите на Џ.Р.Р. Мартин и во моментот трае снимањето на последната, осма сезона.

Scroll to Top