Сестрата на Мараја Кери има сида

Поп-ѕвездата Мараја Кери повеќе од 20 години не разговара со својата постара сестра, Алисон. Алисон неколкупати била во затвор за проституција и дрога, а боледува од сида. Таа има пет деца за кои се грижи сама и често бара финансиска помош од Мараја, дури и преку медиумите.

Алисон во неколку интервјуа јавно ја повикала Мараја да се смират, но пејачката никогаш не зборува за семејството. Единствениот коментар пред неколку години дошол од адвокатите на Мараја, кои рекле дека Кери ѝ дава стотици илјади долари на сестра си, но дека таа секогаш бара уште.

Алисон и Мара не се во добри односи од уште од 90-тите години, а нивната последна заедничка фотографија е направена во 1991 година.

Scroll to Top