Два дена по објавувањето на официјалната химна на Светското првенство во Катар, реакциите не стивнуваат, a навивачите не се задоволни па ја викаа Шакира, чии песни ги одбележаа претходните изданија на Светското првенство.
Се чини дека љубителите на фудбалот не се воодушевени од песната на Малума, Ники Минаж и Миријам Фарес наречена „Tukoh Taka“, која ќе биде официјална химна на Светското првенство во фудбал во Катар.
На социјалните мрежи тие го пишуваат дека се незадоволни од нумерата и покрај нејзиниот весел тон и комбинацијата на текстови на шпански, англиски и арапски.
На ТикТок, хаштагот „TukohTaka“ изобилува со видеа на незадоволни корисници кои ги споделуваат своите мислења.
Многумина од нив ја повикуваат Шакира на „помош“, имајќи предвид дека нејзините песни ги одбележаа претходните изданија на светските првенства.
Нејзината песна „Waka Waka“ беше химна на првенството во Јужна Африка, а пејачката настапи и во Германија во 2006 година и во Бразил во 2014 година.
@norisplace The chorus is even worse #tukohtaka ♬ Tukoh Taka – Various Artists
„Шакира, ќе покренеме кампања GoFundMe за твоето судење за даночно затајување, само не дозволувај оваа Walmart верзија на Tokyo Drift да биде песна на Светското првенство“, вели еден фан во вирално видео на ТикТок.
„Блискиот исток имаше 10 години да направи неверојатна песна за Светското првенство и ова е резултатот“, напишал друг незадоволен корисник.
@naw_sir We make such good music and this is what we give 🤦♂️ #worldcup #worldcupsong ♬ Tukoh Taka – Various Artists
„Шакира подобро да ги врати своите колкови за Светското првенство бидејќи не можеме да го слушаме ова“, „Се извинувам во име на Блискиот Исток“, „Песната звучи како тетка ми да пее на свадба“, велат многу незадоволни обожаватели.
Сепак, и покрај критиките, песната за два дена успеа да собере 8,6 милиони прегледи.
@boulows Tf is this #fyp #foryou #worldcup ♬ Tukoh Taka – Various Artists