Шакира фотографирана во јавност по излегувањето од болница, се враќа на настапите

Пејачката Шакира викендов заврши во болница поради силни болки во стомакот. Откако ја напуштила болницата, таа била фотографирана во јавност. Таа ги поздрави насобраните папараци пред хотелот Белмонд во Лима, главниот град на Перу.

Шакира се врати на настапите откако беше хоспитализирана. Во понеделникот вечерта таа одржа концерт во Лима, по што се огласи на социјалните мрежи за да им се заблагодари на своите фанови.

„Каква публика во Перу. Ми подаривте толку многу љубов. Неверојатни сте. Ви благодарам, ве сакам“, напиша таа.

Да потсетиме, откако заврши во болница, мораше да го откаже концертот што требаше да го одржи во неделата.

Scroll to Top