Шакира откажа дел од концертите заради проблем со гласот

Шакира беше принудена да откаже дел од концертите на нејзината светска турнеја поради проблеми со гласот. Колумбиската пејачка откажа две емисии во Париз и уште две во Белгија, како и концерт во Амстердам по сугестија на  нејзините лекари, објавија организаторите во соопштението.

Во средата, ѕвездата го откажа отварањето на емисијата “Ел Дорадо” во Келн, уверувајќи ги своите фанови дека ќе има нови датуми во сите земји.

“Шакира е многу вознемирена што нема да ги исполни очекувањата на своите обожаватели и испраќа благодарност за целата поддршка што ја добива во овој тежок период”, се вели во текстот.

Се очекува турнејата на пејачката да започне од францускиот град Монпелје следниот четврток, а потоа да продолжи со неколку концерти во Шпанија.

Scroll to Top