Колумбиската пејачка Шакира, беше забележана на аеродром во Мајами, заедно со нејзините синови.
Пејачката ги држи за рака синовите Милан и Саша, додека беше фотографирана од папараците.
Таа беше облечена во бежов фустан во комбинација со бели сандали.
Пред неколку дена, во јавноста се појави информацијата од шпанското обвинителство дека пејачката е осомничена за затајување данок од 15,5 милиони долари и дека може да ја очекуваат осум години затворска казна.