Шерон Стоун, некогаш најфаталната русокоса на Холивуд денес има 64 години и за „Вог Арабија“ открива дека помлад маж ја оставил затоа што одбила да користи ботокс, пишува „Дејли мејл“.
Шерон Стоун позирала за насловната страница на споменатото списание и објаснила дека иако имала козметички зафати во минатото, повеќе не ги прави по мозочниот удар кој го доживеала во 2001 година. Актерката вели дека нејзиниот став против убавината настанал кога била во врска со помлад маж кој ја прашал дали некогаш ќе стави ботокс. Шерон на шега му одговорила: „Веројатно би било добро и за твоето и за моето его да го направам“, но и додала дека врската набрзо завршила.
После тоа повторно се видовме, но тој не беше заинтересиран да ме види – открила актерката, но не кажала кој е бившиот љубовник кој ја оставил. Нејзината последна врска која и беше позната на јавноста беше со раперот ПМП (26) со кој се забавуваше неколку месеци.
Шерон еднаш изјави дека има многу врвни пластични хирурзи кои со години се обидуваат да го добијат нејзиното лице.
Не можам ни да избројам колку пати ми е понудено фејслифтинг во последните десет години. Тоа секако оди против Хипократовата заклетва и не е во ред – изјави тогаш Шерон.