Шерон Стоун на 59 години сликана на плажа во костим за капење

By
Холивудската актерка Шерон Стоун отсекогаш била љубител на природниот изглед, а низ годините тоа постојано и го докажувала.

Познатата американска актерка некогаш важеше за секс-симбол и сите ја паметат по филмот „Ниски страсти“ и прочуената сцена каде што атрактивната актерка заводливо ги прекрстува нозете. Мажите во светот лудуваа по неа, а жените ја копираа. Но, за изгледот на Шерон Стоун на нејзина 59-годишна возраст се води голема полемика.

Додека едни говорат дека е пропадната и дека нема ни трага од убавината што некогаш ја поседувала, други се убедени во тоа дека Шерон и понатаму е убава жена, која и на 59 години гордо го покажува своето природно тело и вита фигура.

Актерката е сликана на една плажа во црн костим за капење, кој совршено го покажува секој недостаток на телото.

Но, Шерон, која никогаш не криела дека го преферира природниот изглед и за разлика од многу свои колешки никогаш не отишла под нож, сѐ уште ја има широката насмевка со која сосема јасно порачува дека се гордее на себе и на своето тело.

 

Ќе ви се допадне