Голем број скандали ја одбележаа минатата 2022 година. Некои од светските ѕвезди не се однесуваа примерно во светот на забавната индустрија. Судења, шлаканици, плукања, отсуството на тотална автоцензура, нови и стари обвинувања сè излезе на виделина.
Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на доделувањето на Оскарите
Иако 94 доделување на Оскарите требаше да ноќ која Вил Смит ќе ја памети по убаво, сепак пред да ја прими наградата за најдобар глумец, за филмот „Кралот Ричард“, му удри шлаканица на комичарот и глумец Крис Рок. Шлаканицата следеше откако водителот се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Смит стана да ја одбрани сопругата, откако комичарот ја спореди со Деми Мур во еден од нејзините филмови во кои нема коса. Џејда боледува од алопеција, па така целиот свет сведочеше на шлаканицата во живо. Вил Смит не му се извини на Рок истата ноќ, туку наредниот ден.
На крајот Академијата му забрани да присуствува на доделувањето на Оскарите во наредните 10 години. Се чини дека сè уште се нема смирено со Крис, иако оттогаш му се извини неколку пати. Од таа вечер кариерата на Вил Смит не му е на завидно ниво.
Предвременото пензионирање на Брус Вилис поради здравствени проблеми
На почетокот, многумина се шегуваа со глумецот и неговиот избор на улоги, обвинувајќи го дека снима лоши филмови. Дури и на доделувањето на „Златните малини“, доби своја посебна категорија.
Се зборуваше дека бил малтретиран и ги малтретирал другите на сетовите, како и за неговата дезориентиранос. Грубите шеги за тоа дека не знае што зборува на сетовите, на крајот се покажале како вистини. Семејството во март објави дека е болен и дека се повлекува од Холивуд.
Откриле дека боледува од афазија која претставува губење на говорот и намалување на можноста за комуникација. Тогаш испливаа бројни информации дека филмскиот свет бил свесен дека со Брус нешто не е во ред и стана јасно зошто ги снимил сите оние филмови во кои зборува по една до две реченици.
На средината на ноември, неименуван извор за американските медими рече дека неговата состојба се влошува, но детали не сакаше да каже.
Документарецот за Хју Хефнер и животот во неговата вила
Хефнер почина во септември 2017 година, месец дена пред да се појави движењето #metoo. Сепак истото движење го објави документарецот „Тајните на Плејбој“, Secrets of Playboy, кој дигна голема прашина во јавноста.
Во него, бившите девојки кои живееа со Хефнер, открија дека биле силувани во вилата. Рекоа дека се однесувале како во култ со разни сексуални девијации.
Однесувањето на глумецот Езра Милер
Еден од скандалите кои ја одбележа 2022 година беше и контроверзното однесување на глумецот Езра Милер. Прво го уапсија на Хаваите за напад. Неколку родители на малолетни деца дури и побарале заштита, затоа што се однесувал недолично. Беше обвинет и дека крие жена и малолетни деца.
На крајот стигнаа деманти и информации дека жената на неговиот имот престојувала своеволно, но ситуацијата никогаш не се расчисти до крај.
Во август беше обвинет за грабеж во Вермонт. Како кариерата му висеше на тенок конец, така и со неговото однесување самиот ја загрози улогата која ја доби во повеќемилионскиот филм „Флеш“. На крајот објави ќе побара третман за неговата состојба.
Судењето на Џони Деп и Амбер Херд
Годинава ја одбележи и судскиот процес меѓу Џони Деп и неговата партнерка Амбер Херд. На крајот глумецот победи, но, оние кои подобро се навлезени во процесот велат дека кога ќе се види пошироката слика, никој не профитирал освен адвокатите.
Оттогаш Деп не може да најде работа и е непожелен во Холивуд. Исто и Амбер, а за време на судењето во Вирџинија, испливаа голем број гадости, за кои јавноста не беше спремна. Амбер тврдеше дека трпела физичко и психичко злоставување. Истото го велеше и Деп.
На судењето дојде и Кејт Мос, а медиумите пренесоа дека Амбер плачела и го претворила целиот процес во голем циркус. Иако освои една од точките за обвинување, сите го сметаат Деп за победник. Глумецот на крајот доби 10 милиони долари отштета.
Филмот Don’t worry, darling, „Не се грижи драга“ и комплетното фијаско
Имаше драма околу вториот филм на Оливија Вајлд. Како прво, по разделбата со Џејсон Судеикис, Вајлд започна да излегува со ѕвездата Хари Стајлс. Тоа го одвлече вниманието од работата на директорот на „Буксмарт“, а тоа беше еден од неколкуте проблеми.
Пролетта, Судеикис ѝ врачи на Оливија некои правни документи околу спорот со старателството додека таа се претставуваше на сцената во Cinema Con. Кога беше објавен трејлерот за филмот и кога се појавија секс сцените со Стајлс и Флоренс Пју, глумицата го изрази разочарувањето од маркетингот на филмот.
Пју ги прескокна повеќето прес-конференции за филмот и се правеше мртва со тоа што не го промовираше филмот на социјалните мрежи, но кога пристигна на премиерата на филмскиот фестивал во Венеција, настана непријатна гужва бидејќи таа и Вајлд изгледаа како да се игнорираат.
Ситуацијата дополнително се влоши кога Стајлс беше обвинет, преку озборувања на социјалните мрежи, дека го плукал колегата Крис Пајн. Пајн го негираше тоа, а Стајлс се шегуваше.
Исто така, Шија Лабеф, кој првично требаше да го игра Стајлс, се расправаше со Оливија за тоа дали бил отпуштен или дал отказ. Тимот на ifilm негираше дека драмата зад камерите била толку интензивна и дека немало врескање на сетот помеѓу Оливија и Фиренца.
Сите контроверзии околу филмот имаа еден позитивен резултат. И покрај лошите критики, љубопитните фанови се собраа во кината за да видат за што се работи, а филмот имаше силен викенд на отворање на благајните. Два месеци по објавувањето на филмот, Вајлд и Стајлс раскинаа.
Победата на Бритни Спирс и ослободувањето од старателството на татко ѝ
2022 година требаше да биде година на Бритни и нејзината победа во случајот со татко ѝ Џејми. Иако успеа да се ослободи од неговата контрола и старателство, сепак оваа година стана и една од најлошите за пејачката. По абортусот, во јуни се венчаше со Сем Асгари.
Денот кога течеа подготовктие, нејзиниот прв сопруг, Џејсон Александер, дојде да ја посети. За целото тоа време се снимаше во живо. Дојде во нејзината спална соба. Потоа беше уапсен, а Бритни рече дека и го уништил големиот ден. Нејзините синови не присуствуваа на венчавката.
Голем број од гостите беа луѓе кои таа не ги познаваше. Не беа поканетни ниту нејзиниот брат и сестра поради нарушените семејни односи. „Инстаграмот“ го користеше за да се пресмета со нив.
Сестра ѝ Џејми Лин постојано пишуваше на социјалните мрежи за нејзиното однесување, нарекувајќи ја луда. Пејачката се пресмета и со синовите, откако тие зборуваа лошо за неа.
Бритни ги нападна и нејзините родители Џејми и Лин, а откако го доби случајот, речиси да нема ден, а да не објави гола фотографија на „Инстаграм“.
Битката меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли за имотот и старателството на децата
2022 ја одбележа и бракоразводната битка меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли. Новите детали за тепачката која се случи во авион, а во која Џоли го обвини бившиот дека ја нападнал неа и едно од децата се појави во извештај на ФБИ.
Во него Џоли тврдела дека Бред во 2016 година за време на летот бил пијан и дека ја нападнал. Нивните деца Медокс, Пакс, Захара, Шијло и близнаците Нокс и Вивиен, биле присутни, а глумицата тврди дека нападнал и едно од нив.
Тврдела дека нанел штета од 25.000 долари, прскајќи со вино по седиштата во авионот. Изворите на Бред го негираа овие тврдења и објаснија дека Џоли измислува само за да го добие тоа што го сака. Во октомври таа објасни повеќе детали за тепачката во авионот, во тужбата која ја поднела за нивната француска винарија Chateau Miraval. Рече дека Пит го гушел едно од децата, а друго го удрил во лице.
Контроверзното однесување на Кание Вест
Вест, кој законски го промени името во Џе и оваа година покажа дека е контроверзен. Сè започна кога ја претстави колекцијата Yeezy на модната недела во Париз со моделите со кошули White Lives Matter.
Додека ги ревидираше ставовите, даде неколку антисемитски забелешки и рече дека го сака Хитлер. Поради тоа неговото приватно училиште во Лос Анџелес, „Донда Академија“, беше затворено.
Беше суспендиран од социјалните мрежи, а откако Илон Маск го врати на „Твитер“, раперот продолжи со говорот на омраза. Брендовите Balenciaga, Gap ја прекинаа соработката, но најмногу го погоди разделбата со компанијата „Адидас“.
Оттогаш го загуби статусот милијардер. Вест тврдеше дека изгубил 2 милијарди долари за еден ден и дека сега се смета за сиромашен во индустријата.
Илон Маск го купи „Твитер“
Милијардерот откако го купи „Твитер“ предизвика омраза кај голем број луѓе во светот. Почна да наплатува за користење на социјалната мрежа, им ги врати профилите на Кание, Трамп и останатите блокирани корисници. Многумина сега предвидуваат дека ќе го уништи „Твитер“
Разделбата меѓу Шакира и Пике
Пејачката Шакира и Пике се разделија по 12 години брак. Се пишуваше дека причината било неверство и дека фудбалерот си нашол нова девојка, помлада студентка. Колумбијката објави нова песна за која сите тврдат дека му ја посвети на Пике. Потоа ја поврза со инструктор по сурфање.