Шон Мендес и Камила Кабело по страсниот бакнеж на „Коачела“, остануваат само добри пријатели

Откако медиумите објавија фотографии од страсниот бакнеж на „Коачела“ од поранешниот пар Шон Мендес и Камила Кабело, во јавноста се шпекулираше дека парот повторно е заедно.

Близок извор на парот ги негирал ваквите тврдења за странските медиуми „Шон и Камила остануваат пријатели, не се во врска. Тие останаа во контакт по раскинувањето и решија да се сретнат на „Коачела“.

Изворот тврдел дека тоа било само еден бакнежот на поранешниот пар.

Шон и Камила раскинаа минатата година, а по раскинувањето изјавија дека имаат намера да останат најдобри пријатели. „Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме. Многу ја цениме вашата поддршка од самиот почеток“, напишаа тие во заедничката изјава тогаш.

Славниот пар се запозна во 2014 година, додека Кабело беше член на групата Fifth Harmony, а врската ја започнаа во јули 2019 година, по снимањето на заедничкото видео за песната Señorita и оттогаш се речиси неразделни.

По нивното раскинување, се шпекулираше дека 24-годишниот пејач бил во врска со познатата докторка Џоселин Миранда (51) со која постојано бил снимен како излегува, а таа била забележана како оди кај Шон. Кабело почна да излегува со Остин Кевич минатата година.

Scroll to Top