Познатото реално шоу на семејството Кардашјан, Keeping Up with the Kardashians, повторно ќе се емитува на телевизија. Одлуката тоа да биде повлечено е сменета по неколку месеци.
На почетокот на есента беше објавено дека познатото реално шоу ќе престане да се снима и повеќе нема да се емитува и дека 20. сезона ќе биде последна.
Сега семејството Кардашјан потпиша договор со стриминг-сервисот „Хулу“. Договорот го потпишале Ким, Клои, Кортни Кардашјан и нивната мајка Крис Џенер, како и полусестрите Кендал и Кајли. Новото шоу ќе се емитува не само во Америка туку и во други земји.
Деталите сè уште не се познати, како и дали сите ѕвезди повторно ќе се појават на екраните. Емитувањето на шоуто е закажано за в година.