Сиена Милер за врската со 15 години помлад маж: Тој беше премлад за мене, но сепак се заљубив

Британската актерка и модел Сиена Милер (42) е во врска со музичарот Оли Грин (27), а сега во интервју за Harper’s Bazaar зборуваше за нивната врска и за тоа како всушност се запознале.

Имено, тие се запознале на забава по повод Ноќта на вештерките, а набрзо почнале да излегуваат. Не очекувала дека ќе се заљуби во него, особено поради големата разлика во годините.

„Дефинитивно не очекував дека двајцата ќе завршиме заедно, тој беше премлад за мене, но потоа многу брзо се заљубив во него. Никогаш не размислував за тоа дека можам да имам помлад партнер. Всушност , сето тоа ми беше доста тешко“, рече Сиена.

Сепак, таа признава дека била пријатно изненадена од врската со 15 години помладиот партнер.

„Има разлика во начинот на кој таа генерација мажи ги почитува жените. Тоа е специфично за него, тој е многу мудар и добро приспособен и, верувам, целата негова генерација. Пораснаа со малку поеднакви услови. Го гледам тоа кај неговите пријателки, како и кај мажите“, вели таа.

Двојката го доби своето прво дете на крајот на минатата година. Името на девојчето се уште не е откриено. Сиена вели дека не ја планирале бременоста, туку дека нејзината ќерка долго време сакала брат или сестра. Сиена од претходната врска со актерот Том Стариџ ја има ќерката Марлоу.

Scroll to Top