Сил, поранешниот на Хајди Клум, обвинет за сексуално вознемирување

Пејачот Сил, поранешниот сопруг на топ-моделот Хајди Клум, е обвинет за сексуално вознемирување. Актерката Трејси Берндал поднела жалба во полиција, тврдејќи дека Сил ја нападнал во 2016 година кога биле соседи и живееле еден до друг.

Инцидентот се случил во кујната во домот на заеднички пријател. Актерката носела пешкир кога Сил го фрлил и се обидел да ја бакне. Трејси се обидела да го одврати, но Сил почнал да ги допира нејзините гради, тврди таа. Потоа актерката заминала и веќе немала контакт со пејачот.

Полицијата соопшти дека инцидентот е ставен под истрага и дека Сил е известен за жалбата. Тој целосно ги отфрла обвинувањата.

Сил и Хајди имаат четири деца, три биолошки и едно посвоено.

Scroll to Top