Британскиот водител Симон Ковел неодамна откри дека претерал со ботоксот и дека дури ни неговиот три годишен син Ерик не можел да го препознае, пренесе Daily Mail. Тој рече дека син му почнал да станува хистеричен кога ќе го видел, а ни самиот тој не можел да се препознае.
„Еднаш си ја видов сликата од порано и не можев да се препознаам“, рече Симон и додаде дека одлучил да користи инекции кога забележал како Ерик го менува изгледот на неговото лице кога ќе го погледнел.
„Беше во хистерија. Мислам дека направив доволно промени кај себе“, рече Ковел и додаде дека повеќе нема филери на неговото лице. За потсетување, неговиот изглед драстично почна да се менува по 2016 година.