Синот на американскиот претседател Доналд Трамп ужива во новата врска со Кимберли Гилфојл (49) и тоа само два месеца откако неговата сопруга ги поднела барањата за развод.
Медиумите пренесуваат дека Трамп Помладиот веќе неколку недели се забавува со водителката на „Фокс њуз“ телевизијата.
Иако ужива со новата партнерка, синот на претседателот сака да ја сочува приватноста од своето семејство колку е можно повеќе, со оглед на тоа дека процесот на развод е сè уште во тек, пренесува Pagesix.com.
Трамп Помладиот и неговата нова избраничка неодамна се појавиле на една забава организирана во чест на новиот американски амбасадор во Германија, Риџард Гренел. Во тие моменти можело да се забележи дека и двајцата не се одвојувале еден од друг, а заедно ја напуштиле забавата.
Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп Помладиот, со која има пет деца, во март ги поднела барањата за развод.
Кимберли Гилфојл минатата година била една од кандидатките за шефица на претседателската прес-служба, но наводно таа ја одбила понудата и потпишала нов договор со компанијата во која работи.
Гилфојл двапати се омажила. Првиот пат била омажена за Гевин Њус, демократот кој едно време бил градоначалник на Сан Франциско, а вториот пат за Ерик Виленсиј, директорот на компанија за дизајн. Со него има еден син.