Синот на Мадона облече црвен фустан и гледаше бокс со мајка си

Кралицата на поп-музиката Мадона со нејзиниот син Дејвид заедно го гледаа боксерскиот натпревар меѓу Жервонта Дејвис и Роналдo Ромеро во „Барклис“ арената во Бруклин. Папараците го снимија Дејвид во црвен фустан од брендовите „Адидас“ и „Гучи“.

Додека синот беше во фустан, Мадона носеше спортска маица и сребрен накит. Фановите и змаерија за затегнатото лице кое пејачката се обиде да го сокрие со големи очила.

Таа неодамна му го честиташе роденденот на Дејвид.

„Дејвид Банда. Не можам да верувам дека порасна во голем дечко, во вистински уметник и спортист. Во харизматичен човек. Кога те видов во сиропатилиштето во Куќата на надежта во Малави, не можев да претпоставам дека ќе станеш ваква сила на природата. Среќен шеснаесетти роденден“, рече Мадона.

За потсетување, пејачката има шест деца: деветгодишните посвоени близначки Стела и Естер, како и шеснаесетгодишните Мерси и Дејвид, ќерката Лурд (25) која ја доби со поранешниот сопруг Карлос Леон и синот Роко (21) од бракот со поранешниот сопруг Гај Ричи. Пејачката неодамна раскина со 35 години помладиот дечко Ахламалик Вилиамсон.


Scroll to Top