Синот на Мик Џегер танцува како неговиот татко зад сцената за време на концертот на Ролинг Стоунс во Англија

Пет годишниот син на Мег Џегер Деверо, кој го има со неговата девојка Мелани Хемрик ги има истите потези на движење како неговиот татко.

Девојката на Мик Џегер, Мелани Хемрик објави видео на Инстаграм од нивниот син Деверо како танцува зад сцената за време на концертот на Ролинг Стоунс во Ливерпул, Англија. Деверо се игра додека неговиот татко пее еден од хит-песните на бендот, „You Can’t Always Get What You Want“.

Синот на Џегер беше поддршка на неговиот татко на концертот, облечен во маица на Ролинг Стоунс додека тој скокаше наоколу. „Вајбс“, напиша 35-годишната Хамрик покрај видеото.

Претходно Мелани објави и слика од неа и Деверо како стојат зад сцената и гледаат во толпата пред концертот.

Џегер и Хамрик, кои беа партнери во последните осум години, му посакаа добредојде на Деверо во светот во 2016 година.

 

 

Scroll to Top