Синовите не сакаат да ја видат Бритни повеќе, се селат на Хаваи

Уште од мај годинава Бритни повеќе нема контакт со синовите Шон и Џејден, кој сега со татко им се селат на Хаваи. Велат дека не сакаат повеќе да ја видат затоа што им смета нејзиното однесување.

Шон и Џејден во моментов со татко им Кевин Федерлајн и неговата партнерка Викторија Принс ја напуштија Калифорнија и заминаа за Хаваи каде изнајмија стан додека не најдат трајно решение.

На Шон и Џејден им смета непримерното однесување на Бритни и нејзините објави на социјалните мрежи. Медиумите пренесоа дека очекуваат и Бритни да се јави со објаснување. Пејачката досега се нема огласено.

За потсетување, Бритни и Кевин се разведоа во 2007 година. Двајцата договорија заедничко старателство на децата, се додека судот не ја промени одлуката и му го додели на Кевин целото старателство, поради наводите дека пејачката користела разни супстанци и алкохол.

 

Scroll to Top