Скарлет Јохансон е најплатена глумица во Холивуд

Скарлет Јохансон стана најплатената глумица во Холивуд, благодарение на улогата на Црната вдовица во серијалот филмови „Одмазниците“. Првпат во улогата на Црната вдовица Јохансон се појави во „Ајрон мен 2“ во 2010 година, а оттогаш улогата ја повтори уште петпати.

Неодамна таа потпиша договор за самостоен филм за супер-хероината. Сценариото за филмот е пред крај, а самата Скарлет е вклучена во развивањето на приказната за Наташа Романоф. Филмот во кината би требало да се појави во 2020 година, а за оваа улога Јохансон ќе добие 25 милиони долари. Доколку филмот заработи 900 милиони долари, таа ќе добие бонус од уште шест милиони, стои во нејзиниот договор. Скарлет на филмот ќе работи и како продуцентка, па благодарение на ова таа ќе стане најплатената глумица во Холивуд.

И покрај ова Скарлет заработува помалку од нејзините машки колеги. Роберт Дауни Џуниор за улогата на Тони Старк, односно Ајрон Мен, доби 50 милиони долари, плус бонуси.

 

Scroll to Top