Славко Калезиќ е еден од натпреварувачите во новата сезона на британскиот „X-фактор“.
Четиричленото жири го сочинуваат пејачката Никол Шерцингер, Шерон Озборн, Луи Волш и музичкиот могул и сопственик на издавачката куќа Syco, Сајмон Кауел.
Веднаш кога Славко се најде на сцената, менаџерот на бендот „Уан дајрекшн“, Луи Вош, се сети дека го запознал на годинешниот избор за Евросонг.
„Сајмон, го знам овој лик. Го запознав во Украина на Евровизија. Кога го запознав зад сцената, му реков дека мора да се пријави за ‘X-фактор’“, изјави Луи.
Неверојатно, но Славко мина во следниот круг. Гледајте го видеоклипот од неговиот настап.