По 23 години брак, холивудската двојка Кевин Бејкон и Кира Седгвик дури сега дознале дека се далечни роднини. А откриле сосема случајно пред неколку години кога гостувале во емисијата Finding Your Roots која се занимава со проучување на познатите семејни стебла.
Водителот на емисијата, Хенри Гејт Луис, покажа ДНК докази кои илустрираат дека Кира Седгвик и седум години постариот Кевин Бејкон се роднини во деветто колено.
„Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа. Но, кога таа дојде во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Меѓутоа, љубовта се случи и се родија нашите деца, а понудите за филмови конечно почнаа да се појавуваат“, раскажа Кевин своевремено за Кира, која ја запозна на снимањето на филмот Lemon Sky.
Двајцата глумеа во четири филма заедно, вклучувајќи ги The Woodsman и Loverboy.