Со татко ми заедно се дрогиравме, а брат ми почина од предозирање: Џејми Ли Кертис за борбата со зависноста со апчиња и хероин

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис (64) во интервју откирила дека извесен период од нејзиниот живот била зависна од лекови против болки. Зависноста започнала по неуспешната естетска хирургија. Потоа таа уште повеќе се навлекла на апчињата и станала зависна од нив. А потоа зависна и од хероин.

„Два пати бев зависна, првиот пат од болка, вториот од срамот да бидам зависник. Знаев дека татко ми има проблеми, а и јас, па се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете што сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година“, раскажала таа.

Одлучила да направи естетска хирургија за отскранување на темните кругови околу очите. Но операцијата била не успешна па Кертис потоа почнала да зема опијати и не се откажала ниту од алкохолот.

Кога западнала во кризи, украла лекови од нејзината постара сестра Кели и од нејзиниот помлад полубрат Николас, а не ја отрезнила ниту смртта на Николас поради предозирање со хероин на 21-годишна возраст. Меѓутоа, една деценија подоцна сфатила колку тоа што го прави е деструктивно за неа и за нејзиното семејство, па во 1999 година била целосно излечена.

„Мојата ќерка Ени, тогаш осумгодишна, ме поведе на вистинскиот пат, која ми кажа дека никогаш не сум била тука за неа кога ќе ѝ требам. Тоа ме потресе”, рекла таа еднаш.

Актерката признава дека направила естетска хирургија, липосукција, ботокс, но ништо од тоа не функционирало бидејќи како што самата вели салто кое се отстранува од телото на едната се страна се враќа на друго место.

Актерката Џејми Ли Кертис важи за една од најубавите жени. Таа и нејзиниот млад колега Пол Мескал се истакнаа меѓу 30-те познати фаци кои ги се најдоа на страниците на британскиот Вог, во пресрет на сезоната на филмски награди. Џејми позира облечена во црн елегантен фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Scroll to Top