Сопругата на Балдони за прв пат проговори по скандалот со Лајвли: Повторно би те избрала тебе

Емили Балдони, сопругата на режисерот и актер Џастин Балдони, проговори за прв пат откако започна неговата правна битка со актерката Блејк Лајвли. По повод неговиот 41 роденден, таа му посвети емотивна објава на Инстаграм.

„Среќен роденден, љубов моја. Денеска го славиме мажот, сопругот и таткото каков што си. Кога би избрала сега, повторно и повторно би те избрала“, напиша таа покрај фотографијата на која се гушкаат нивните деца, ќерката Маја и синот Максвел.

Странските медиуми пишуваат дека семејството моментално се одмора на Хаваи.

Емили и Џастин се верија во 2013 година, а пред тоа беа во врска неколку години. Нивната свршувачка потоа стана вирална на Јутјуб, преку 27-минутно видео кое сега има 14 милиони прегледи, а актерот ја запроси во истиот ресторан каде што го имаа првиот состанок.

Тие се венчаа три месеци подоцна, ја добија Маја во 2015 година, а Максвел во 2017 година.

Scroll to Top