Сопругата на Брус Вилис Ема Хеминг ги замоли јавно папараците да не викаат по глумецот кога ќе го видат на улица и да имаат повеќе разбирање за неговата состојба. Таа побара да престанат да бараат ексклузивни информации и да се фотографираат.
Објасни дека семејството во моментов минува низ тежок период откако му беше дијаностицирана фронтотемпорална деменција.
View this post on Instagram
„Знам дека тоа ви е работа, но можеби треба малку да олабавите. Ве молам да не викате на мојот сопруг, да го испрашувате како е или за било која друга работа. Престанете. Дајте му малку простор. Дозволете му на нашето семејство или на кој било кој е со него, безбедно да го однесат од точка А, до точка Б“, порача Ема.
За потсетување, на Вилис минатата година му беше дијагностицирана афазија, пореметување во способноста на говороот. Семејството минатиот месец објави дека боледува и од деменција. Поради болеста мораше да се повлече од глумата, а сега времето го минува со семејството, неговата сегашна сопруга и две деца и бившата сопруга Деми Мур и нивните три деца.