Сопругата на Илон Маск е спремна да умре на Марс со црвената прашина под нозете

Канадската кантавторка Клер Елиз Баучер, попозната како Грајмс, на својот „Инстаграм“ профил напиша дека е „подготвена да умре со црвена прашина од Марс под стапалата“.

Покрај објавата сопругата на Илон Маск приложи фотографија од фабриката „SpaceX Starbase“ во САД во државата Тексас, пишува Дејли Меил.

Грајмс со сопственикот на SpaceX, Илон Маск  има син X AE A-XII (читај „Икс Еш 12“).

„Сан“ пишува дека Грајмс минатиот месец изјавила дека сака да се пресели на Марс откако ќе наполни 50 години за таму да основа човечка колонија.

„Најверојатно физичка работа до смрт, но се надевам дека тоа може да се промени“, додаде пејачката.

 

Scroll to Top