Актерката Даниела Руах, позната по улогата Кенси Блај во американската криминалистичка серија „НЦИС: Лос Анџелес“, сега ја води Евровизија. Таа вели дека на ваков потег ја наговорил нејзиниот сопруг.
Даниела, вели дека била пресреќна што донела ваква одлука.
„Му реков дека е луд и смешен, дека никако не сум поврзана со Евровизија, освен што сум еден од победниците на натпреварувањето. Сепак, тој не се откажа и ме наговори дека јас убаво и течно го говорам јазикот. Тогаш го контактирав мојот агент и му ја предложив оваа идеја“, изјавила таа.
По неколку месеци, идејата стана реалност! Заедно со Филомена Каутела, Силвија Алберто и Катарина Фуртадо, Даниела го води музичкото натпреварување, но заедно и се дружат.
„Прекрасно е што за прв пат четири жени ја водат програмата“, додала Даниела.