Иако се изгледаше идилично во повеќе од две децении брак, странските медиуми пишуваат дека сопругот на актерката Натали Портман, Бенџамин Милпид, ја изневерил со 25-годишна жена.
Натали Портман и Бенџамин Милпид се запознаа на снимањето на „Црниот лебед“ во 2010 година и се венчаа на 4 август 2012 година. Заедно имаат две деца, синот Алеф, роден на 17 јуни 2011 година и ќерката Амалија, родена на 2 февруари 2017 година.
Скандалот што наводно го потресе нивниот брак прв го објави францускиот медиум Voici, кој тврди дека Милпид имал вонбрачна врска, но дека тоа е минато. Извор за „Пипл“ изјавил дека врската била краткотрајна и дека завршила.
Изворот понатаму тврди дека Милпид знае дека направил огромна грешка и прави се што може за да ја натера Натали да му прости и да го задржи нивното семејство заедно.
„Натали е неверојатно дискретна и нема намера тоа да го пренесе на медиумите. Нејзин најголем приоритет е заштитата на нивните деца и нивната приватност“, додава изворот.
Друг извор близок до парот изјави за „Пејџ сикс“ дека парот не се разделил и дека се обидуваат да ги решат работите.
„Бенџамин прави се што може за да ја натера Натали да му прости“, вели изворот.