„Спајс грлс“ најавија и седми концерт за да им се приклучи и Викторија Бекам

Британската музичка група „Спајс грлс“ наводно закажала и седми концерт на турнејата со цел барем на еден настап на сцената им се приклучи и нивната колешка Викторија Бекам.

Сопругата на популарниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам првично најави дека нема да биде во можност да им се приклучи на „спајсици“ на турнејата поради обврските што ги има околу модната линија.

Пејачките неодамна и официјално го објавија датумот на концертот на турнејата низ Велика Британија, која стартува во јуни 2019 година. Пејачките се собираат по шест години пауза од музичката сцена.

Менаџментот на Викторија Бекам го повтори ставот на нивната клиентка и објави дека таа нема намера повторно да настапи со нејзините колешки.

„Спајс грлс“ последен пат се собраа во 2012 година, на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон.

 

 

Scroll to Top