Според американските таблоиди, Кејти Холмс чека близнаци со новиот дечко

Америкскиот таблоид Госип коп“ пишува дека Кејти Холмс е бремена и дека чека близнаци со новиот дечко Емилио Витол. За наводната бременост на актерката првпат се пишуваше лани во ноември кога извор на списанието Women’s day изјави дека парот ја крие бременоста и дека тие веќе имаат подготвено соба за бебето. Но, според новите пишувања, двојката чека близнаци.

„Кејти не мислеше дека на Сури некогаш ќе ѝ роди брат или сестра, но сега нејзините соништа се остварија. Кејти исто така сака близнаци и сега таа желба ќе ѝ се исполни“, рекол анонимен извор за таблоидот „Госип коп“.

Тие пишуваат и дека ако Кејти и Емилио не успеат да зачнат близнаци по природен пат, ќе се обидат преку вештачно оплодување. Иако нема официјална потврда за бременоста, истиот извор вели дека тие се многу возбудени што ќе го прошират семејството и дека набргу и самите ќе ја потврдат веста со јавноста.

Актерката веќе ја има ќерката Сури (14) од бракот со Том Круз.

Scroll to Top