Според стрипот на Кијану Ривс ќе се снима филм на „Нетфликс“

Стрипот на Кијану Ривс „Берсеркер“ (BRZRKR), кој го напиша заедно со Мет Кинт, ќе добие филм и аниме серија на стриминг платформата „Нетфликс“, пишуваат американските медиуми. Стрипот има 12 броени, а илустрациите ги правеше Рон Гарни.

Првиот број, објавен на почетокот на овој месец, постигна огромен успех, и покрај тоа што беа потрошени 2.6 милиони долари да се финансира неговото објавување. Тој веќе се продаде во 615.000 примероци.

„Берсеркер“ ја раскажува приказната за платеник стар 80.000 години, кој ѝ ги нуди своите услуги на владата за возврат што таа му помогнала да ја открие тајната на неговата бесмртност.

Според „Нетфликс“, серијата што ќе се снима е „брутално епска“, а Ривс ќе биде главниот лик во филмот и ќе го позајми гласот во аниме адаптациите.

Scroll to Top