Глумецот Силвестер Сталоне објави романтична фотографија со сопругата Џенифер Флавин, во време кога се зборува дека ќе се разведуваат.
„Прекрасно“, напиша глумецот на фотографијата, а потоа објави уште една со ќерките.
„Повторно сте заедно? Се надевам да. Па тоа е сјајно. Убаво е да ве видиме заедно. Прекрасно семејство. Се надевам дека ќе ја промени одлуката за развод. Не можам да разберам сега, се разведувате или не. Прекрасен пар сте“, му напишаа во коментарите.
Сталоне прво ги негираше шпекулациите кои се ширеа во јавноста дека се разведуваат поради нивното куче, но потоа призна дека имале несогласувања околу тоа кој да го чува.
За потсетување, Џенифер на 19 август ги поднесе документите за развод, а бракот го опиша како неповратно скршен. Го обвини Сталоне за намерно расфрлање и трошење на брачниот имот. Извор за Page Six рече дека подоцна тоа е лага.