Џејн Фонда има 80 години, а иако многумина ја опсипуваат со убави комплименти, таа со искрено признание ги остави сите без текст. Глумицата, која се прослави со многубројни филмски остварувања во Холивуд, минатата година ја прекина својата врска со музичкиот продуцент Ричард Пери, а претходно трипати беше во брак.
Таа во изминатите години изјавуваше дека редовно има сексуални односи, дури и на овие години, но одлучи да го извести светот дека на тоа му дошло крајот.
„Повеќе не стапувам во врска, иако бев до пред неколку години. Сега имам 80. Работата долу ја затворив. Ставив клуч на вагината!“, искрено рече глумицата.