Стив Тејлор прошета со 40 години помлада девојка на црвениот тепих

Прочуениот рокер и фронтмен на групата „Аеросмит“, Стивен Тејлор (69), на црвениот тепих на една гала-вечера што ја направи за деца во рамките на својата хуманитарна организација се појави во друштво на 40 години помлада девојка, Ејми Престон.

Во текот на вечерта Стивен и Ејми во текот на вечерта покажаа колку се заљубени и покрај тоа што разликата во години меѓу нив двајца е четири децении. 29-годишната девојка очигледно нема проблем да излегува со постар маж, во случајот легендарниот рокер, кој минатата есен поради здравствени проблеми, мораше да ја откаже турнејата со „Аеросмит“, но се чини дека сето тоа сега е минато.

Scroll to Top